Нов успех на прилепските млади фудбалери. Овојпат од екипата на Фудбалската школа Еврогол. На Фудбалскиот турнир „Нехт левел“ во Охрид за фудбалери до 14 години (родени 2012), во конкуренција на 7 екипи, првак, освојувач на победничкиот пехар и златните медали е токму екипата Еврогол од Прилеп, предводена од тренерите Горан Тодоровски – Сивчо и Миле Гаврилоски – Црното. За трите дена оваа екипа беше убедлива со гол-разлика од 14 постигнати и само 1 примен гол. Еве ги резултатите: во групната фаза во петокот и саботата, Еврогол – Кичево 1:0, Еврогол – Нова колонија 0:0, Еврогол – Ла масиа 7:0. Потоа во полуфиналето, Еврогол – Победа 3:1, а во неделното финале, Еврогол – Нова колонија 3:0.

КОНЕЧНА ТАБЕЛА:
Еврогол (Прилеп)
Нова колонија (Скопје)
Нехт левел (Охрид)
Победа (Прилеп)
Кичево
Трим лум (Струга)
Ла масиа (Охрид).

Во екипата Еврогол капитен е репрезентативецот Стефан Петровски, а Георги Мирчески е прогласен за најдобар голман, со оглед на 1 примен гол на сите 5 меча.
Претходно оваа иста генерација фудбалери го има освоено и турнирот во Златибор, Србија.
