Се ближи 11 јуни и почетокот на Светското фудбалско првенство во САД, Канада и Мексико, така што не само учесниците, ами и сите други со активностите поврзани за фудбалската игра, се очекува да бидат во некој од 16 града домаќини. Меѓу нив се и наши македонски претставници од ФФМ, чии имиња се во опфатот на ФИФА. Пред се тука би ги спомнале Масар Омерагиќ (претседател на ФФМ) и Марјан Стојковски – Манта (потпретседател на ФФМ). Тие баш денеска патуваат за навреме да бидат присутни на свеченото отворање на шампионатот, како и на многу натпревари до крајот, за со контактите и следењето да пренесат во државава се што е позитивно и вредно.
За Прилеп е важно што вториот човек на ФФМ, Марјан Стојковски – Манта е и прв човек, претседател на ОФС Прилеп.