Претходниов викенд во Аминдео (Грција) беше Меѓународниот турнир „Филипос“ на кој беа клубови од Грција, Англија, Египет, Ерменија, Грузија, Турција, Полска, Ирска, Бугарија, Италија, Србија и Македонија. Прилепскиот клуб Сеишин се претстави со 18 џудисти коишто освоија 18 медали – 4 златни, 6 сребрени и 8 бронзени.
ПЛАСМАНИ:
Помлади пионери-ки:
1. Елдина Пупаловиќ 1. место
2. Матеја Николоска 2. место
3. Ксенија Илиоска 2. место
4. Владан Стрезовски 3. место
5. Арсениј Димески 3. место
Пионери-ки:
6.Дила Пупаловиќ 1. место
7. Софија Ѓорѓиоска 2. место
8. Јована Цветкоска 3. место
9. Марко Марковски 3. место
10.Ангел Стојовски 3. место
Деца:
11. Габриел Илиоски 1. место
12. Иван Јошески 2. место
13. Христијан Бунески 3. место
14. Матеј Јованоски 3. место
Јуниори/сениори
15. Александра Најдоска 1. место
16. Кристина Мантароска 2. место
17. Михаил Димоски 2. место
18. Михаил Стојановски 3. место
Екипата ја водеа тренерите Марио Тошески, Дејан Мицкоски, Мартин Ристески и Сашо Димовски.
Следниот викенд е учеството на Меѓународниот турнир „Скопје опен“.