Други

(фото) И СПОРТИСТИ ДОБИЈА НАГРАДИ ОД ОПШТИНА ПРИЛЕП!

Синоќа во големата сала од Националната установа центар за култура „Марко Цепенков“ беа доделени награди по повод 3 Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп. Меѓу наградените беа и од областа на спортот. Пред близу илјада присутни во преполната сала, меѓу кои и водечките од Општината, градоначалникот д-р Борче Јовчески, претседателот на Советот Ирена Стерјоска – Локвенец и претседателот на Комисијата за одбележување значајни настани, личности и празници, Игор Николоски, награда плакета доби Фудбалскиот клуб Големо Коњари (лидер во Третата фудбалска лига – Југ), предводен од претседателот Тони Даноски. 

Награди дипломи добија: Трајче Зулјамоски, педагог, волонтер, хуманист, некогашен ракометен тренер на женските екипи Тутунски комбинат и Металотехника, Елена Ртоска за особен придонес во развивање на екстремните спортови и Никола Павлески, надежен шахист, со трето место на првенството (прв според рејтингот) во Македонија во категоријата до 16 години.

Беа доделени 10 плакети, 8 дипломи и 2 златни плакети за животно дело – на уметникот, скулптор Жарко Башески и на митрополит преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски, владиката Петар.

 

Од категоријата

ЧЕСТИТ ВЕЛИГДЕН!

Зоран Иге

ПЕТПАТИ ПУШТАНИ ВО УПОТРЕБА И – ПАК НЕ РАБОТАТ!

Зоран Иге

ЕМИСИЈА НА РАДИО ПЕЛА ПОСВЕТЕНА НА ФК ПОБЕДА

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе