Ракомет

СРЕДУВАЊЕ НА ПРИЛЕПСКАТА УНИВЕРЗАЛНА САЛА – КОГА, АКО НЕ СЕГА?

Повеќе од десет години информираме дека прилепската Универзала сала не е за употреба, нема спортски настани и неопходно е да се изврши поправка на тие елементи што од страна на стручни лица се забележани дека биле несигурни. На таа поправка, средување на објектот, се чека долго време, а се чини дојден е моментот да се почне, конечно. Кога би било подобро ако не сега? Сега, кога ракометот има висок квалитет и во државата, а и во градов Прилеп, но тој нема соодветна сала во која би се прикажал тој квалитет – репрезентативен и клупски, би се прикажал пред многу публика, љубители на тој спорт.

Желбата за средување на Универзалната сала (или салата „Македонија“, сеедно) се наметнува од резултатите што ги следиме. На пример – во последното коло од Плејаутот на Супер лигата на Македонија, Прилеп со убедливи 28:24 го совлада Еурофарм Пелистер 2 во Битола. Беше 11-та победа во низа.  Значи, еве ги сите во низата: Прилеп – Радовиш 38:16 во 22.коло од основниот дел на Супер лигата, Радовиш – Прилеп 25:34 во 1. коло од Плејаутот, па потоа следните во Плејаутот, Прилеп – Куманово 29:25, Струга – Прилеп 25:31, Пролет – Прилеп 29:30, Прилеп – Еурофарм Пелистер 2 29:26, Прилеп – Радовиш 40:26, Куманово – Прилеп 25:28, Прилеп – Струга 34:24, Прилеп – Пролет 29:27 и Еурофарм Пелистер 2 – Прилеп 24:28. На последново соседско дерби, Прилеп настапи со Александар Тренчевски 3 гола, Владан Кастратовиќ 2, Пеце Рајатоски 2, Никола Шипинкоски, Антонио Крстески, Ангел Крстески 2, Божидар Илиески 2, Димитар Димитриоски 10, Денис Шабановиќ 6, Никола Цветаноски, Марио Столески, Лука Ѓоргиевски 1, Јован Соколоски, со голманите Иван Ангелески и Илчо Ивчески, а на клупа Стручниот штаб со Методија Петлески, Наум Танески, Кристи Шокоски и Ѓоко Божиноски. Овие луѓе и сите други во клубот (Никола Чадамов, претседателот, Ирена Јакимовска, сопственик на компанијата финансиер „Комфи ангел“) заслужуваат како некогаш сала за тренинзи и натпревари. Сала во којашто ќе се борат за место меѓу шесте најдобри екипи во државата, наместо да играат во Плејаутот, да одиграат во повисоко ниво – Плејофот.

Сала како Универзалната можеби ќе биде мотив за поголеми амбиции и во женскиот ракометен клуб Деспина, наместо 4. место во Првата лига, борба за врвот на табелата и враќање кон Супер лигата на Македонија.  

 

Од категоријата

ДВА РАЗЛИКА ЈА ИЗМЕНИЈА ТАБЕЛАТА!

Зоран Иге

СТРУЖАНКИТЕ ПРЕСИЛНИ

Зоран Иге

(аудио) КАПИТЕНОТ НА ПРИЛЕП ЗА УТРЕШНОТО ДЕРБИ СО СКОПСКИ АЛКАЛОИД НА СЕЛЕКТОРОТ ЛАЗАРОВ

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе

Шампион