Навистина голема спортска драма се случи денеска во Прилеп, во салата од ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“. Трет меч, „мајсторка“ од полуфиналето на Плејофот од Супер лигата на Македонија. Екипата Младост 96 Прилеп со 4:3 го совлада Шампион ФА Штип. Победникот оди во финалето. Драмата ја видоа гледачите во салата, најголемите љубители на овој спорт. за оние коишто не беа таму, подолу се резултатите по редослед, за да се види колку рамноправен беше дуелот, колку беше богат со пресврти, за на крајот да одлучи дубл-партијата.



РЕЗУЛТАТИ:
Ѓорѓе Борчиќ (Младост 96 Прилеп) – Филип Младеновски (Шампион ФА Штип) 3:0
Андреј Лашкоски (Младост 96 Прилеп) – Драган Ѓорѓевиќ (Шампион ФА Штип) 3:2
Ѓоко Јочкоски (Младост 96 Прилеп) – Амелија Николов (Шампион ФА Штип) 2:3
Ѓорѓе Борчиќ (Младост 96 Прилеп) – Драган Ѓорѓевиќ (Шампион ФА Штип) 3:0
Ѓоко Јочкоски (Младост 96 Прилеп) – Филип Младеновски (Шампион ФА Штип) 2:3
Андреј Лашкоски (Младост 96 Прилеп) – Амелија Николов (Шампион ФА Штип) 0:3
Ѓорѓе Борчиќ / Андреј Лашкоски (Младост 96 Прилеп) – Драган Ѓорѓевиќ / Амелија Николов (Шампион ФА Штип) 3:1.



Радост огромна за прилепскиот клуб, за претседателот Марјан Матракоски и потпретседателот Златко Рикалоски, за тренерот и играч Ѓоко Јочкоски, за играчот од Србија Ѓорѓе Борчиќ којшто на седум партии има максимум од седум победи, потоа за другите членови на клубот – Андреј Лашкоски, Антонио Стомнароски, крушевчанецот Нико Доага, па и штипјанецот Петар Костовски.
Екипата Младост 96 Прилеп е финалист, а во финалето ќе се сретне со подобриот од второто полуфинале, Крива Паланка – Телеком нец 2 Скопје.
(НАЈАВА: Видео од драматичниот меч во Прилеп ќе објавиме во текот на утрешниот ден, понеделник)



