И подалечните минати времиња поврзани за екипата Победа не се забораваат. За нив се зборува со одбрани, убави зборови. Не само прилепчани, ами и од други градови зборуваат со восхит. Така и стоперот Драги Сетинов, скопјанец. Одигра во Победа во сезоната 1981/82, во Втората југословенска лига – Исток. Иако Победа беше во долниот дел од табелата, иако отпадна во понизок ранг, нема сомнеж дека екипата којашто настапуваше беше вредна, многу повеќе вредна отколку тоа го кажува пласманот и освоените бодови. Ова се гледа и во кажувањето на Драги Сетинов во разговорот со спортски новинар од Србија. Еве што тој кажува во врска со екипата Победа за сезоната 1981/82. Подолу е видеото.
ВИДЕО