Во салата од ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“ во Прилеп се одигра финалниот меч од Плејофот на Супер лигата на Македонија во пинг-понг за мажи, Младост 96 Прилеп – Крива Паланка. Резултатот е 4:1 во полза на Крива Паланка. За Младост 96 одиграа: Антонио Стомнароски, Андреј Лашкоски и Ѓорѓе Борчиќ, којшто ја доби единствената партија, против Ѓорѓе Петровиќ. Во Младост 96, клуб предводен од претседателот Марјан Матракоски и потпретседателот Златко Рикалоски, членови се уште Ѓоко Јочкоски (играч, воедно и тренер), потоа крушевчанецот Нико Доага, па и штипјанецот Петар Костовски.


За Крива Паланка настапија: Александар Јакимовски (две добиени партии), Кристијан Станојковски (две добиени партии) и Ѓорѓе Петровиќ. Во екипата членови се уште Јорданчо Миневски и Роберт Јакимовски.


Според ова, шампион на Македонија третпат во низа е Крива Паланка (оваа сезона без ниеден пораз, 20 меча – 20 победи), а вицешампион е Младост 96 Прилеп (оваа сезона 22 меча – 17 победи и 5 порази). Шампионскиот пехар го додели Марјан Матракоски, претседател на Младост 96.