Штотуку заврши Меѓународниот фудбалски турнир „Нехт левел“ во Охрид за фудбалери родени 2010 година, пионери до 16 години. Во конкуренција на 6 екипи од Македонија и од Турција, првак, освојувач на победничкиот пехар и златните медали е екипата Победа од Прилеп, предводена од тренерите Кирил Овезоски, Дејан Јованоски и Андреј Митрески. Во групната фаза Победа двапати победи, 2:1 со Ла масиа (Охрид) и 3:1 со ССК (Скопје). Потоа, во полуфиналето со 3:0 го совлада Караорман (Струга), а во финалето вторпат се сретна со Ла масиа (Охрид),тим којшто во полуфиналето со 2:1 беше подобар од ГФК Охрид. Во финалето во основното време од 90 минути Победа – Ла масиа беше нерешено 1:1, а по изведувањето на пенал-серијата 4:2 за Победа.

КОНЕЧНА ТАБЕЛА:
Победа Прилеп
Ла масиа
ГФК Охрид
Караорман
ССК Скопје
Нуртепе.
Најдобрите поединци се од Победа: Амир Фазлиоски (голман) и Михаил Колески (играч).