Претстои најважниот трет меч од полуфиналната серија во Плејофот на Супер лигата на Македонија во пинг-понг. Третпат се среќаваат Младост 96 Прилеп – Шампион ФА Штип, бидејќи претходно по еднаш двата тима постигнаа победи, во Прилеп беше 4:2 за Шампион ФА, а на реваншот во Штип беше 4:0 за Младост 96. Затоа ќе има и трет дуел, „мајсторка“, а тој ќе биде в недела, 31 мај, од 12 часот, во салата од ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“ во Прилеп. Иако првобитно петок беше предложен за денот на одлуката, сепак има за два дена поместување за подоцна.
За Младост 96, клуб воден од претседателот Марјан Матракоски и потпретседателот Златко Рикалоски, досега настапија тренерот-играч Ѓоко Јочкоски, Србинот Ѓорѓе Борчиќ, Андреј Лашкоски, а на располагање се уште Антонио Стомнароски, крушевчанецот Нико Доага и штипјанецот Петар Костовски.
Штипската екипа Шампион ФА може да смета на Амелија Николов, Драган Ѓорѓевиќ, Филип Младеновски, тренерот-играч Сашко Богатинов и Александар Кралев.
Второто полуфинале е Крива Паланка – Телеком нец 2 Скопје.