Фудбал

ПРИЛЕП: ПРАШАЊА ОД МЕНАЏЕРОТ ВО ВРСКА СО ФК ПОБЕДА…

И кога е во подем и кога е во криза, меѓу прилепчаните секојдневна спортска тема е Фудбалскиот клуб Победа. Најновата интересна реакција што ја забележавме е од професионалниот спортски менаџер Александар Ѓорѓиески, сопственик на агенцијата „Идеал спорт“. Агентот на ФИФА и УЕФА јавно објави прашања во врска со ФК Победа, прашања упатени до Општина Прилеп и Сашко Попоски, спортски менаџер чие семејство е мнозински сопственик на клубот, т.е. на 70% од акциите.

Еве што јавно пишува Александар Ѓорѓиески

„Прашање до Општина Прилеп и Сашко Попоски

Дали ФК Победа ќе стартува во новата сезона?

Ако одговорот е ДА

-Кога започнуваат подготовките?

-Кој ќе биде тренер?

-Каков играчки кадар се планира?

-Кога стартува Младинската школа?

-Кои се целите на клубот?

Ако одговорот е НЕ

-Кои се причините?

-Кој е планот за иднината на ФК Победа?

И доста со „доколку“, „ќе“, „че“, „ама“, „тое“, „наскоро“, „ќе видиме“.

Навивачите, играчите и целиот град предолго чекаат. Доста е со празни изјави, шпекулации, гласини и одговори без суштина од Америка до Австралија не однесовте… доста со приказни.

Време е за јасен, конкретен и искрен одговор!

Времето одамна помина…“

——————————————————————

Двете фотографии од стадионот се при нашата вчерашна посета на објектот, на чиј терен последен првенствен дуел се случи на 16 мај, Победа со неготински Вардар.

Од категоријата

ПРВО РАКОМЕТ, ПА МАЛ ФУДБАЛ

Зоран Иге

ЧЕТИРИ ГОЛА НА УТРИНСКИОТ ПРВ ТРЕНИНГ-МЕЧ!

Зоран Иге

СОЛИДНА ЕКИПА, А ПРИМА МНОГУ ГОЛОВИ

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе

Шампион