Кога нема пресни информации во овие летни денови многумина тоа го оправдуваат со летните одмори, со паузата во фудбалските првенства. Меѓутоа, дознаваме дека сепак скоро ќе има новости поврзани со прилепскиот фудбал. Нив ќе ги објавиме на нашиов портал, веднаш штом ќе ги добиеме. Треба трпение и од медиумска страна и од страна на јавноста.
Што се однесува до случувањата во клубовите за време на Летниот преоден рок од 15 јуни до денеска 29 јуни, од канцеларијата на ОФС Прилеп засега единствената информација всушност е напуштањето на осум млади фудбалерчиња на Фудбалската школа Вондеркидс, по добиените понуди за премин во школи или клубови од други градови. За Вондеркидс е познато дека генерацијата 2011/12 го освои првото место во ФФМ Пелагониската лига, убедливо, без пораз, со само еден нерешен резултат и 15 победи.
А во поглед на третолигашката конкуренција именувана како Регион 4, познато е дека за нејзина канцеларијата одредена е токму таа на ОФС Прилеп. Оттаму многу скоро се очекува одлука колкав број екипи ќе има Регион 4, кои ќе бидат тие, кои ќе бидат од ОФС Прилеп во тоа натпреварување, кога, на кој датум ќе стартува првенството во кое се вклучени Прилеп, Велес, Градско, Демир Капија, Долнени, Кавадарци, Кривогаштани, Крушево, Неготино, Росоман и Чашка.
Нови информации, конечно, наскоро ќе има и за клубот со звучна историја, а сега третолигаш – ФК Победа.