Преубави најнови вести од териоријата на ОФС Прилеп – реактивиран, обновен е уште еден фудбалски клуб, Фудбалскиот клуб „Славеј 1947“. Така ова место со долга фудбалска традиција пак ќе има свој клуб, населението таму ќе може да им се радува на сите дуели што ќе може да ги гледа. За претседател на клубот најавен е Миле Јосифоски, негови соработници и поддржувачи Зоран Цветкоски, Ѓорѓи Стеваноски, Бошко Јосифоски. За тренер е назначен Драган Ташкоски. Се смета дека клубот кој се смета за претходник на овој постоел пред дваесетина години. Еден друг клуб под друго име „Славеј 2017“ последниот првенствен меч го има одиграно на 11 април 2021 година. Тогаш, против Кадино (резултатот беше 2:5), за „Славеј 2017“ настапија: Дарко Јованоски, Влатко Ташкоски, Миле Јосифоски, Горан Ристиќ, Михаил Трпески, Драган Ташкоски, Мартин Тренески, Ѓорѓијан Стојаноски, Оливер Конески, Зоран Цветкоски, Виктор Јованоски и Драганчо Гроздановски.
Претходно реактивирани беа два клуба – Фудбалскиот клуб „Слога 1976“ од Лажани и Фудбалскиот клуб „Мукос“ од Дреновци.