Наши спортисти се потврдуваат со квалитетот и во странство, а најновата вест е за еден таков успех. Во Германија наши четворица фудбалери со екипата освоија пехар за Купот. Станува збор за Ѓоко Аџиоски, Мартин Ефтинџиоски, Виктор Илијоски и Димитар Китаноскиа, по потекло од Обршани, Прилепско, што значи дека имаат настапувано и за Партизан Обршани и за други екипи. Таму настапуваат сега за екипата Салнтерслебен од Саксонија Анхалт, учесник во лигата Ландескласа 2. Во рамките на Купот досега им успеа да победат 5 тима, така што освојувачи на пехарот се за тој регион, за тоа ниво. Во исчекување е на ждрепаката, па ќе се знае која екипа ќе биде следниот ривал.
Што се однесува до ривалите, треба да се очекуваат силни екипи затоа што многу скоро е вклучувањето германски второлигаши и прволигаши.
