Во Монтесилвано, Италија, четврти ден е од Светското младинско шаховско првенство во машка и женска конкуренција, во три возрасни категории – до 14, до 16 и до 18 години. Нашата држава Македонија е биде претставена со пет млади шахисти, а за Прилеп, како град со шаховска традиција, вреден е настапот на 17-годишниот прилепчанец Никола Павлески (член на ШК Алкалоид од Скопје), во категоријата до 18 години. Павлески, успеа со црни фигури да го совлада домашниот шахист, Италијанецот Андреа Менгоци. Ова е 3. коло, а во претходните две кола нашиот шахист загуби од фаворити, МК Хуберт Зиеба од Полска и од ИМ Александру Владимир Цнејев од Романија. Денеска, во 4.коло, со црни фигури Никола Павлески игра против Никола Лесковац од Србија. На табелата Павлески со 1 поен е на 93. место, а Лесковац со 1 поен на 98. место.
Другите македонски претставници се: ФМ Моника Жежовска од Скопје (женски до 18 години) со 1,5 поени на 51. место, Кристијан Кавазов од Гевгелија (до 16) со 1 поен на 116. место, Даниел Стеваноски од Скопје (до 14) со 1,5 поени на 77. место и Наде Смилевска од Битола (женски до 16) со 1 поен на 76. место.