Само што известивме со радост дека реактивиран е Фудбалскиот клуб „Слога 1976“ од Лажани, добивме уште една убава информација – реактивиран е и Фудбалскиот клуб „Мукос“ од Дреновци, исто член во системот на ОФС Прилеп. Информацијата ни ја соопшти претседателот на клубот Дарко Србиноски. Реактивирањето се случува по повеќе од две години, бидејќи клубот последен пат беше учесник во Општинската квалитетна лига на ОФС Прилеп Б-група во сезоната 2023/2024, со освоеното 3. место на табелата. Тогаш на последниот првенствен натпревар се појавија овие фудбалери: Душан Ацески, Зоран Јорданоски, Зоран Ристески, Николче Ристески, Миле Стојчески, Филип Конески, Валентин Златески, Александар Димитриески, Антонио Трајкоски, Љупчо Стојчески, Мето Лашкоски, Андреј Тодороски, Дејан Ацески и Васко Попоски. Како што одминуваат овие летни денови, така ќе се знае кој играчки кадар ќе биде на располагање за претстојното учество во Општинската Б-лига на ОФС Прилеп. Тренер ќе биде Орде Конески, поранешен играч на Мукос.
Што се однесува до пораките од Дреновци во врска со реактивирањето на клубот Мукос, еве што можеме да издвоиме како најинтересно, со многу емоции, како да е поезија, лирска книжевност:
– Две години тишина, но љубовта никогаш не згасна, ФК Мукос се враќа!
– Нова управа, нова енергија, иста љубов.
– Еден клуб, едно село, едно срце – ФК Мукос!
– Од минатото ја црпиме силата, иднината ја градиме заедно!
– Не е само клуб, ова е традиција!
– Не е само тим, ова е семејство!
– Не е само игра, ова е страст!
– Не се откажуваме, се бориме до крај!
– Стадион „Калдерама“, постои од 1976!
– Тука се пиша историја!
– Паднавме пред 2 години, но сега се креваме посилни од кога и да е!
ФК МУКОС ДРЕНОВЦИ СЕЗОНА 2026/27