Две прилепски ракометни екипи се во системот натпреварувања.
Машката екипа Прилеп цврсто е на врвот од табелата во Плејаутот на Супер лигата на Македонија. Вчеравечер, дома, со убедливи 34:24 ја совлада Струга, во 8. коло. Најефикасни: Томислав Квастек со 6, Ангел Крстески со 5, Димитар Димитриоски со 4 (Прилеп) – Ненад Костоски со 7, Филип Мечкароски со 5 гола (Струга). Што се однесува до Прилеп, во иднина ќе биде уште посилен, бидејќи на пикерската позиција го доби 28-годишниот Петар Маркоски, стружанец од битолски Еурофарм Пелистер 2. Со него е потпишан двогодишен договор.
РЕЗУЛТАТИ: Прилеп – Струга 34:24, Пролет – Радовиш 37:29, Еурофарм Пелистер 2 – Куманово 27:25.
ТАБЕЛА: Прилеп 36, Еурофарм Пелистер 2 29, Пролет 25, Куманово 17, Струга 9, Радовиш 0.
СЛЕДНО 9. КОЛО: Прилеп – Пролет, Струга – Еурофарм Пелистер 2 и Куманово – Радовиш.
ЖЕНИ
Првенството од Првата лига на Македонија за жени влегува во финишот. На ред е 24.коло. Екипата Деспина од Прилеп денеска од 13 часот има нов дуел. Дома, во салата на СОУ “Ристе Ристески – Ричко” во Прилеп, игра со Јехона од Гостивар.
ДВОЈКИ: Деспина – Јехона, МРК Ѓорче Петров – Атлетик, Шампион – Овче Поле СУ.
ТАБЕЛА: Атлетик 38, МРК Ѓорче Петров 28, Овче Поле СУ 26, Деспина 20, Стружанка 18, Јехона 7, Шампион 1.
——————————————————–
АКЦИЈА ЗА ХУМАНОСТ НА 12 МАЈ (ВТОРНИК)
Карти може да набавите од билетарата на НУЦК Марко Цепенков
Во животот човек не се станува со пари. Богати сме доколку помагаме, богати сме доколку имаме човечност, срце. Големината на човекот е во помагањето на другите. Колку сме богати и големи зависи од нас. На 12.05.2026г во ДОМ НА КУЛТУРАТА МАРКО ЦЕПЕНКОВ со почеток во 20:00 часот. Дојдете, покажете ја вашата големина, покажете дека заедно можеме нешто, нешто што предизвикува насмевка, нешто што СПАСУВА живот.
ЗА МОНИКА!!! Ве очекуваме
#ЈасСумХуманБидиИТи!