Екипата Крива Паланка е победник на полуфиналниот дуел со Телеком нец 2 од Скопје, со резултат 4:2. На овој начин Крива Паланка влегува во финалето од Супер лигата на Македонија во пинг-понг за мажи, финале во коешто учесник е тимот на Младост 96 од Прилеп, којшто на третиот меч, т.н. „мајсторка“ успеа со 4:3 да биде подобар од Шампион ФА Штип.
Потсетуваме подолу на составите со кои двата финалиста претходно победија,
КРИВА ПАЛАНКА: Кристијан Станојковски (31 година), Александар Јакимовски (18), Ѓорѓе Петровиќ (22).
МЛАДОСТ 96 ПРИЛЕП: Ѓорѓе Борчиќ (38), Андреј Лашкоски (31), Ѓоко Јочкоски (40)
Финалето е в недела од 12 часот во Крива Паланка.