Обраќање до јавноста на градоначалникот на Прилеп Дејан Проданоски. Го пренесуваме во целост:
„Почитувани,
Ве поканувам, во последната недела од оваа година, заедно да ја испишеме најубавата прилепска празнична приказна. Од денес, до 31.12.2025 година, Градскиот плоштад „Методија Андонов – Ченто“ во Прилеп, ќе биде центар на добра забава, вкусна храна и радост за сите. Заедно да уживаме во најубавиот период од годината!“
Подолу е содржината на програмата за 8 дена.






