Други

(фото) НАШИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ ПАТУВААТ КОН ТОРИНО!

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска имаше прием за македонските атлети и за делегација од Специјална олимпијада на Македонија пред настап на Специјални олимписки светски зимски игри во Торино 2025, кои ќе се одржат од 7 до 16 март. Македонската делегација, составена од талентирани атлети, тренери и официјални лица, ќе се претстават на ова спортско натпреварување кое ќе собере над 1.500 учесници од 102 држави.

Ристовски им посака успешен настап на македонските спортисти и им изрази безрезервна поддршка.

  • Резултатите се најмалку важни, важно е да учествувате и да ја претставувате државата респектабилно. А, сите ние заедно да се обидеме овој наш свет којшто е малку чуден, да го направиме подобро место за живеење и овие наши атлети, наши пријатели, да ги приближиме до нормално спортување и нормално функционирање во општеството. Секогаш во кое било време и на кој било начин ќе бидам од помош за нив. Овие атлети заслужуваат многу повеќе и внимание и грижа од она што моментално го добиваат – рече Ристовски.

Министерот најави и дека Специјална олипијада на Македонија ќе добие приоритет во исплатата на финансиските средства кои доаѓаат како помош од државата за спортот.

-Од наша страна она што го најавивме како финансиска поддршка ќе биде исплатени во текот на наредната недела. Ќе направиме исклучок, исплатата ќе биде само за вашата национална спортска федерација за да не ве оставиме да чекате кога ќе ги добиваат средствата другите федерации. Ова ќе биде само почеток. Сакам да изградиме однос на меѓусебно почитување за овие наши атлети да почувствуваат дека се еднакви во општеството и во спортот – нагласи Ристовски.

На Специјални олимписки светски зимски игри воТорино, нашите атлети ќе се натпреваруваат во алпско скијање, крос-кантри скијање и спортски танц, демонстрирајќи го својот талент, посветеност и спортски дух. Делегацијата ќе биде предводена од Драган Караџовски, како шеф на делегацијата, проф. Јован Јовановски како главен тренер за алпско, проф. Ермонд Мифтари како помошен тренер за алпско скијање, проф. Илија Клинчаров како главен тренер по крос-кантри скијање и проф. Катерина Јолакоска како главен тренер за спотски танци. Атлетите кои ќе ја претставуваат нашата земја се: Фатмире Бајрамоска – крос-кантри скијање, Албан Бајрамоски – крос-кантри скијање, Илина Георгиева – спортски танц, Стефан Трпковски – спортски танц , Матеј Аларов – алпско скијање, Себаат Ајвази – алпско скијање.

Од категоријата

ПЕТПАТИ ПУШТАНИ ВО УПОТРЕБА И – ПАК НЕ РАБОТАТ!

Зоран Иге

(фото) И СПОРТИСТИ ДОБИЈА НАГРАДИ ОД ОПШТИНА ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ЧЕСТИТ ВЕЛИГДЕН!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе

Шампион