Кога се спомнува Христи Бикоски јасно е дека темата е ракомет, но овојпат не е така. Истакнатото лево крило, капитен на Прилеп, играч кој скоро настапуваше и во Израел, сега е кондициски тренер во Стручниот штаб на Фудбалскиот клуб Брера од Струмица! Од ракометот се префрли во фудбалот.
-Работам веќе долго време како тренер. Кога бев ракометар паралелно бев и кондициски тренер во РК Прилеп. Ем играв ем работев. Откако во Израел поминав 4-5 месеци, добив понуда од Брера и прифатив да работам таму во период кога кај нас во Прилеп е тешко во врска со спортот. Среќа е што во Струмица станува збор за сериозен фудбалски клуб, професионален. Има одлични услови за развој на млади играчи. Не случајно тука се тројца прилепчани – Габриел Талески, Леонид Павлоски и Филип Кулески.
Кондициски тренер во ракомет, сега во фудбал. Има ли разлика?
-Огромна разлика. Голем професионализам, особено во овој клуб Брера. Високо ниво, затоа оттука излегуваат репрезентативци.
Шеф на Стручниот штаб на второлигашот Брера е струмичанецот Ѓорге Стојчев.