Фудбал

КАПИНКОВСКИ: ПУБЛИКАТА НИ Е ВЕТЕР В ГРБ!

Наближува големото фудбалско дерби кое е денеска од 17 часот на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп, Победа – Беласица. Ривалите се наострени за фер-борба, а тренерите ги даваат последните совети кон своите фудбалери. Еве што вели Димитар Капинковски, шефот на Стручниот штаб на Победа:

– Како и на секој меч, така и сега ние сме подготвени да одиме на победа, со оглед на нашиот план за првото место и директниот влез во Првата лига. Беласица е квалитетен противник, кој пролетва нема примено гол и реди само победи, освен ремито со нас. Оттука, ќе биде интересен натпревар за гледање, а се надеваме дека на крајот ние ќе се радуваме. Сите играчи ни се на располагање, немаме казнети ни повредени. Што се однесува до многубројната публика, ќе ни биде наш ветер в грб, за да ни помогне во настојувањето да триумфираме – рече Капинковски за Радио Пела.

Колку е големо дербито, само по себе е потврда делегирањето на скопската судиска тројка, предводена од интернационалниот судија Александар Ставрев.

Од категоријата

СОСТАНОК, АНАЛИЗА,ТРЕНИНГ-МЕЧ ВО ПОБЕДА

Зоран Иге

НАШАТА МИЛЕСКА ДО СТРУЧНИОТ ШТАБ НА АМЕРИКА!

Зоран Иге

ПОБЕДА И ВАРДАР ИГРААТ ВО НЕГОТИНО!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе