Фудбал

НЕМАА ПРИМЕНО ГОЛ ОД ЛАНИ, А ВО ПРИЛЕП ПРИМИЈА ТРИ!

Попушти и гранитната одбрана на Беласица. Струмичаните немаа примено гол долги 1059 минути, од 4 декември минатата година на дуелот дома со Кожуф, но попладнево наидоа на расположената Победа, која заслужено стигна до триумфот од 3:0. Одличниот млад голман Иван Николоски не можеше ништо да направи пред налетите на домашните. Незадржливиот Бојан Спиркоски ги постигна првите два гола, во 33. и 65. минута, а Атхе Мазари стави точка во 71. Победата можеше да биде и уште повисока, бидејќи играта, ударите, шансите беа во полза на Победа. А поинаку и не можеше да биде, под инспирација на исполнетите трибини од над 5000 гледачи, кои не само што на крајот со силни овации ја поздравија победата, туку и искачувањето на првото место од табелата. Сега реални се шансите Победа директно да обезбеди пласман во Првата лига.

Победа – Беласица

4 корнери 4

9/8 удари/во 3/1

15 прекршоци 16

1 офсајди 0

2 жолти картони 4

РЕЗУЛТАТИ 25. КОЛО: Победа – Беласица 3:0, Слога – Саса 0:0, Пехчево – Братство 3:1, Детонит – Локомотива 4:0, Кожуф – Осогово 1:0.

ИДНО 26. КОЛО (7 мај во 17 ч.): Победа – Пехчево, Беласица – Слога, Саса – Кожуф, Осогово – Детонит, Локомотива – Братство

 

Од категоријата

ДЕБИТАНТОТ УЛТРАС ПОБЕДИ ВО 90 МИНУТА ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ПИТУ ГУЛИ ГО ДОБИ ДЕРБИТО, РАДОСТ ВО 87. МИНУТА ВО ОБРШАНИ!

Зоран Иге

ЧУДНО: НЕКАДЕ СЕ ОДЛОЖИ, НЕКАДЕ СЕ ИГРАШЕ НА СНЕГ?

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе