Фудбал

(резултати, стрелци) БОРЕЦ БЕЗ ИСКЛУЧЕН ИГРАЧ ИЗДРЖА ВО КРИВОГАШТАНИ!

Најинтересниот дуел од 8. рунда на Третата фудбалска лига – Југ беше во Кривогаштани, каде доскорешниот прволигаш Борец  со 4:3 ја совлада домашната Младост. Велешаните до 16. минута поведоа со 3:0, со головите на Јосиф Манасиев, Дејан Стефановски и Милан Чичевски од пенал. Но, домашните не се предаваа и до 43. минута намалија на 2:3 преку Бобан Крстески и Александар Чешелковски. Меѓу двата гола, во 35. минута црвен картон доби гостинскиот фудбалер Јосиф Манасиев. Сепак, Борец издржа и без него. Во 44. минута беше 2:4 со голот на Александар Пановски, а Младост успеа само да ублажи на 3:4 преку Димитар Китаноски во 92. минута.   

РЕЗУЛТАТИ 8. КОЛО: Големо Коњари – Ултрас 6:2 (Ерџан Ибраимоски, Илчо Митрески 2, Мустафа Селманоски 2, Валентино Божиноски – Димитар Секулоски, Мартин Мечев), Младост – Борец 3:4 (Бобан Крстески, Александар Чешелковски, Димитар Китаноски – Јосиф Манасиев, Дејан Стефановски, Милан Чичевски, Александар Пановски) , Марена – Росоман 0:0, Питу Гули – Бучин 3:0 (Ѓорѓи Стрезовски 3), Превалец – Локомотива 3:1 (Ангел Гаштев, Живко Ѓорѓиевски, Бобан Дукадиновски – Марјан Стефановски).

ТАБЕЛА

СЛЕДНО 9. КОЛО (12 ноември во 13 часот): Борец – Марена, Ултрас – Младост, Локомотива – Големо Коњари, Бучин – Превалец, Слога – Питу Гули.

 

 

Од категоријата

(фото, состави) НАЈНОВО ПРЕД МЕЧОТ ОСОГОВО – ПОБЕДА ВО КОЧАНИ!

Зоран Иге

(резултати, стрелци, табела) ПОБЕДА ЧЕТИРИПАТИ ВОДЕШЕ ЗА ПРВ ГОСТИНСКИ БОД!

Зоран Иге

ПОБЕДА ВО ПРЕГОВОРИ СО ТРОЈЦА ИГРАЧИ

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе