Пролетва екипата Прилеп има неверојатен залет, 10 победи на исто толку мечеви и со право очекувањата се за 11-та победа, на последниот меч од Плејаутот во Супер лигата, во Битола, в недела од 13 часот, против домашниот Еурофарм Пелистер 2. Доколку се дојде до триумф, тоа ќе биде максимум во Плејаутот, од 10 меча 10 победи, а претходно беше и победата во основниот дел од Супер лигата, дома со Радовиш. Значи, еве ги сите 10 досегашни победи на Прилеп: Прилеп – Радовиш 38:16 во 22.коло од основниот дел на Супер лигата, Радовиш – Прилеп 25:34 во 1. коло од Плејаутот, па потоа следните во Плејаутот, Прилеп – Куманово 29:25, Струга – Прилеп 25:31, Пролет – Прилеп 29:30, Прилеп – Еурофарм Пелистер 2 29:26, Прилеп – Радовиш 40:26, Куманово – Прилеп 25:28, Прилеп – Струга 34:24 и Прилеп – Пролет 29:27 во 9. коло од Плејаутот, така што останува само уште последното 10. коло.
ПОСЛЕДНО 10. КОЛО ПЛЕЈАУТ СУПЕР ЛИГА:
Радовиш – Струга (денеска од 18 часот)
Пролет – Куманово (в петок од 18 часот)
Еурофарм Пелистер 2 – Прилеп ( в недела од 13 часот)
ТАБЕЛА:
