И Прилеп се потврди како спортски град на таленти со резултатите на државно ниво, на Плазма-спортските игри за млади, чија завршница се одржа во Скопје. Во пинг-понгот најдобар се покажа Мартин Ристески, ученикот од ООУ „Кочо Рацин“Прилеп. Тој ги победи сите конкуренти, а последен, во финалето, го совлада ривалот од Битола, Кристијан Митев. Според ова, Мартин продолжува и на меѓународно ниво, на завршницата од овој регион, завршница којашто ќе се одржи во Сплит, Хрватска, од 17 до 22 август. Тогаш ќе се сретнат најдобрите пингпонгари од Хрватска, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија.
Натпревари освен во пинг-понг се одржуваат и во мал фудбал, баскет 3х3, ракомет, одбојка, одбојка на песок, атлетика, народна топка, тенис и шах.