По долги 12 дена заврши Светското младинско шаховско првенство во Монтесилвано, Италија, каде во разни возрасни категории учествуваа петмина млади шахисти од Македонија. Меѓу нив, во категоријата до 18 години, успешно државава ја претстави 17-годишниот прилепчанец Никола Павлески. Тој во 11 кола освои 4,5 поени, со 5 пораза (МК Хуберт Зиеба од Полска, ИМ Александру Владимир Цнејев од Романија, ФМ Ивано Сундач од Хрватска, ФМ Стефанос Казанѕоглу од Грција, Леонардо Магљони од Италија), 3 реми (ФМ Габор Мартон Фолдес од Унгарија, Мигуел Ангел Лопес Гарсија од Мексико, Бартоломеј Сакал од Словачка) и 3 победи (Андреа Менгоци од Италија, Никола Лесковац од Србија, Михаило Пусара од Црна Гора). Со тие 4,5 поени е на 93. место, 4 места погоре од стартната 97. позиција. Победник во оваа категорија е ИМ Антони Атанасов од Канада со 9 поени, пред ИМ Емануел Кот од Канада со исто толку, 9 поени и ИМ Хавиер Агуереа Хабанс од Шпанија со 8 поени.
Другите македонски претставници: ФМ Моника Жежовска од Скопје (женски до 18 години) со 5,5 поени е на 50. место, Кристијан Кавазов од Гевгелија (до 16) со 4,5 поени на 114. место, Даниел Стеваноски од Скопје (до 14) со 4 поени на 119. место и Наде Смилевска од Битола (женски до 16) со 3 поени на 103. место.