И најновиот меч од Плејаутот за Супер лигата на Македонија е во полза на Прилеп. Оваа екипа на домашен терен го доби скопски Пролет со 29:27. Најефикасни: Никола Шипинкоски со 7, Димитар Димитриоски со 6, Никола Цветаноски со 4 гола (Прилеп) – Андреј Стојановски со 7, Ласко Андоновски со 6, Кристијан Давитковски со 5 гола (Пролет). Денеска се игра мечот Струга – Еурофарм Пелистер 2, утре Куманово – Радовиш, а последниот дуел за Прилеп е гостувањето кај Еурофарм Пелистер 2 во Битола на 30 мај.
ТАБЕЛА:
Прилеп————————- 38
Еурофарм Пелистер 2——– 29
Пролет—————————25
Куманово————————17
Струга—————————–9
Радовиш————————– 0.
Во Првата лига на Македонија за жени беше 26. коло, Деспина во Прилеп со 31:28 го совлада Овче Поле СУ од Свети Николе. Стрелци: Маја Ристеска со 11, Весна Христоска со 7 гола (Деспина) – Анастасија Сентовска со 8, Наталија Манева со 6, Јована Конева со 5 (Овче Поле СУ). Други резултати: Стружанка – МРК Ѓорче Петров Скопје 18:34, Шампион Скопје – Атлетик Скопје 15:38. Викендов е 27. коло, МРК Ѓорче Петров – Шампион, Атлетик – Јехона Кичево и Стружанка – Деспина, недела од 15 часот, во салата „Тими“ во Струга.
ТАБЕЛА;
Атлетик——————–42
МРК Ѓорче Петров——-34
Овче Поле СУ————-30
Деспина——————–24
Стружанка—————–18
Јехона————————7
Шампион———————1.