Понеделник (25 мај) е одбран како ден на велосипедот, така што за тогаш е најавена манифестацијата „Сите на велосипед“, во организација на Велосипедскиот клуб и сервис Илинден, со поддршка на Општина Прилеп, Гранит и мермер Крин, Пекара Маја, Конфекција Мартекс, Радио Холидеј… Пораката е: Повеќе велосипеди – помалку загадување, подобар живот.
– Отворена покана прилепчаните да излезат во што поголем број, заедно да го одбележиме големиот јубилеј, 20 години на оваа манифестација – вели Драган Димитриоски, претседателот на ВК Илинден.
Терминот за собирање на учесниците е в понеделник од 11 часот, стартот во 12 часот пред Реклами, на Булеварот „Гоце Делчев“. Рутата е Прилеп – Мало Коњари – Прилеп.
