Од 1 до 5 октомври „Drome Ardeche“ („Дром Ардеш“) во Франција е Европското првенство во друмски велосипедизам. Денеска од 15.35 часот настапува единствениот претставник на Македонија, прилепчанецот Константин Костоски, во јуниорска конкуренција. Патеката е долга 103.4 километри и има 2.000 метри елевација, што претставува предизвик за 150 учесници од 38 држави.
Инаку, Константин Костоски има 17 години и кариерата ја има почнато во прилепски Илинден, потоа во Херој, а сега е член на клуб во Унгарија.