Млекар од Мало Коњари е нов член на Третата лига – Југ, лига во којашто есенва веќе одигра три меча на кои има два пораза (од Превалец и од Питу Гули) и едно реми (со Тополка). Тоа е скромен биланс, но во клубот веруваат дека можат и повеќе во наредниот период. В недела од 15 часот е дуелот дома со велешки Борец, некогашниот прволигаш, дуел пред многу публика во Мало Коњари.
– Според традицијата, Млекар секогаш играл добри натпревари со овој ривал. Борец има и загубено во Мало Коњари, кога на Млекар тренер му беше легендарниот Гоце Манески. В недела нашите момчиња мотивирани ќе влезат во натпреварот, така што одиме на првите 3 бода, првиот есенски триумф – ги пренесува очекувањата Иле Мишески, клупскиот претставник.
МЛЕКАР: С. Аљакоски, Ј. Цветаноски, Н. Нешкоски, А. Колчакоски, Д. Цветкоски, Б. Ачкоски, А. Наумоски, З. Котески, А. Ристески, П. Радиновац, Д. Пејоски. Тренер: Александар Аљакоски.
БОРЕЦ: Д. Димитриевски, Т. Ѓорѓиевски, К. Диковски, А. Ташевски, М. Панов, И. Имеров, Б. Дукадиновски, А. Костов, Љ. Стефановски, М. Чичевски, Б. Петковски. Тренер: Драган Јорданов.
ПРЕТСТОЈНО 4. КОЛО:
Млекар – Борец, Венец – Тополка, Ултрас – Влазними јуниор, Башкими Ј. – Росоман, Дреново – Бучин, Превалец – Младост К., Питу Гули слободно.
ТАБЕЛА
