Сезонските влезници се најдобра опција за секој фудбалски љубител, начин на кој ем совреме се обезбедува влез, ем е побрзо, ем е поефтино. Затоа и Фудбалскиот клуб Победа совреме ги пушти во продажба, а начинот да се набават е онлајн и директно во канцеларијата на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп. Токму во канцеларијата од денеска па секој ден натаму од 17.30 до 18.30 часот ќе има службено лице коешто ќе издава сезонски влезници, коишто, потсетуваме, се по цена од по 1.200 денари. Тој што поседува сезонска влезница има обезбедено влез за сите мечеви (пријателски, куп и првенствени) на Победа како домаќин, до крајот на сезоната, во август 2026.
Потсетуваме, Победа првиот овосезонски меч дома го игра на 27 август, со прволигашот Башкими за Купот на Македонија.