Во Крушево на игралиштето кај Гумење се одржа првото издание на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Сотир Мазар“, во чест и спомен на неодамна починатиот Сотир Стојчески – Мазар. За него велат дека бил голем љубител на фудбалот, голем навивач на италијанскиот Милан, а на овој турнир токму екипата со име Росоњери – име од прекарот поврзан со Милан, победник е меѓу 12 тима. Во финалето: Росоњери – Дени кар 3:0, со головите на Мартин Никовиќ, Васко Петкоски и Ѓорѓи Стрезовски. Трета е екипата Јанески транс со триумф од 2:1 врз Тео с. Селце, по головите на Оливер Велески и Благојче Стојаноски за победникот, на Аделин Демири за поразениот.


Најферплеј екипа е Пластика, голман – Благојче Спасески (Јанески транс), стрелец – Ѓорѓи Стрезовски со 12 гола (Росоњери), млад талент – 15-годишниот Петар Ристески (Крушевска одаја).
Наградите ги доделија спонзорите, семејството, како и градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски.