Веќе дваесетина дена е Летниот преоден рок за фудбалерите во државава, а во Прилеп, како и секогаш, вниманието пак е свртено кон Победа. Иако екипата од Втората лига отпадна во третолигашкиот Регион 4, јавноста ја интересира иднината, т.е. кој играчки кадар ќе биде одбран за да атакува кон лидерското место од табелата. Досега нема ниедна информација поврзана со екипата, така што чекањето продолжува. Низ Прилеп се зборува дека многу фудбалери (прилепчани или поранешни членови на Победа), минатата сезона успешни во клубови од други градови и места, сакале да се вратат во Победа, во пресрет на следнава сезона. Меѓутоа, досега ништо реализирано, затоа што фудбалерите коишто сакаат да се вратат би го направиле тој потег веднаш ако се случи организациски, финансиски напредок во најсакантиот прилепски клуб. Такви новини досега не се објавени (ниту за дојдени ниту за заминати), па останува надежта за следните денови, всушност што поскоро додека трае преодниот рок (15 јуни – 6 септември).
Очекувањата се и за квалитетни подготовки на Победа за претстојниот Регион 4, а на Регион 4 не е одреден датумот за почеток. Минатата сезона 2025/26 првенството на тоа третолигашко ниво, од Третата лига – Југ, почна на 14 септември.