Ретки се меѓународните успеси на нашите спортисти и затоа токму тие предизвикуваат најголема радост. А гаранција за успех е секој настап на прилепчанецот Александар Стојкоски, ултрамаратонец. Победник е на „Охрид ултра треил 2026“, на патеката по Галичица, во должина од 65 километри. Излезе најбрз, со време од 6 часа, 21 минута и 35 секунди, резултат за државен првак на Македонија. А излезе најбрз меѓу 110-мина од 20 држави – Македонија, Србија, Грција, Словачка, Белгија, Велика Британија, Чешка, Косово, Австрија, Турција, Хрватска, Шпанија, Полска, Холандија, Црна Гора, Германија, Словенија, САД, Финска и Нов Зеланд. За споредба, второпласираниот Антонио Каранфилоски, прилепчанец од Охрид, има време од 7 часа и 45 минути, а третиот Слаѓан Стошиќ од Србија на целта пристигна по 7 часа и 51 минута.
За 36-годишниот Александар Стојкоски важно е да се знае дека е прилепчанец со жителство во Германија, петти во Европа и со обезбедено учество на следното Светско првенство.
Подолу на фотографиите, на првата Александар Стојкоски е со татко му Пеце Стојкоски, на втората со Тони Ангелески, двајца познати прилепчани, инволвирани во спортот и како спортисти и како спортски работници..

