Во Прилеп се одржа спортската манифестација „Че трчаме 2025“ низ улиците на централниот дел од градот, масовна атлетска трка на 5000 и 10.000 метри трчање во машка и во женска конкуренција, како и екипно.



На подолгата патека од 10.000 метри победник е олимпиецот во Париз минатата година Дарио Ивановски (АК Скопски маратон, Скопје) со време 29 минути и 46 секунди, пред Иво Балабанов (Бугарија) – 31:29 и Димитар Илиев (Штип) – 32:05.



Во женска конкуренција еве ги најдобрите три: Маринела Нинева (Локомотив, Дреново, Бугарија) – 35:45, Адријана Рашиќ Поп-Арсова (АК Делта, Скопје) – 37:29 и Миљана Ристиќ (АК Делта, Скопје) – 38:11.
Во оваа трка учествуваа вкупно близу 250 тркачи.


На покусата патека од 5.000 метри еве го редоследот: крушевчанецот Коста Петроски (АК Делта, Скопје), Бојан Чаприќ (АК Делта, Скопје), Роберто Димитриевски (Велес). Во женска конкуренција најдобри се: Ени Памела (Локомотив, Дреново, Бугарија), Ирма Хајдари (АК Делта, Скопје), Анастасија Пејчева (Бугарија).
Најдобрите добија награди, врачени од прилепскиот градоначалник д-р Борче Јовчески.