И два дена по завршувањето, силни се впечатоците за тринаесеттото издание на ултрамаратонските трки под насловот „Крали Марко Треилс“ на козјите патеки во околината на Прилеп, каде историјата спомнува дека минувал токму јунакот над јунаци – Крали Марко. Одлична организација од Асоцијацијата за промоција и управување со проекти и настани во планинско трчање и други планински спортови „ТРЕКС“ од Скопје, придружувана од прилепчани во Организацискиот одбор, поддржани од Општина Прилеп. Вкупно 312 учесници, а со неколкумина од нив разговаравме пред стартот и по пристигнувањето. Имаше од 17 држави, а на видеото се соговорници од Македонија, Бугарија, Србија и Косово.



ВИДЕО