Во кино-салата од Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп се одржа состанок на петнаесетина членови на Иницијативен одбор за реактивирање на Атлетскиот клуб Стеваноски. Во Одборот е Тони Ангелески, некогаш, долго време, 12 години, претседател, а тука се и други познати на јавноста од минатото на атлетиката – Мери Гичева, Соња Мицеска, Теодора Кочоска, Даниела Кулеска… Првите нивни кажувања се оптимистички, дека градот и општината имаат доволен број стручни лица – тренери и атлтетичари за да може да функционира еден клуб. Ако биде се според планот, клубот ќе се активира по пауза од една година и неколку месеци, бидејќи престана со активностите некаде при крајот на 2024 година. Затоа наскоро се очекува повторно собирање, состанок, како и одржување собрание, за да се избере нов претседател, на местото на починатиот Миле Тренчески. Тоа треба што побргу, за вклучување на клубот во тековната натпреварувачка сезона, 2025/26.
Во минатото прилепската атлетика беше на врвот од државата, прилепски клуб повеќепати освојуваше титула државен првак.

.