И покрај тешката, претешка состојба во Фудбалскиот клуб Победа, се раѓа некаква ронка надеж. По денешниот собир на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ впечаток е дека нема предавање до последниот миг, додека постојат шанси. Иако имаше најава за неучество на сениорскиот тим во пролетниот дел од Втората лига на Македонија, дел од прилепчаните, особено членовите на Навивачката група „Мајмуни“, најавуваат борба за спас. Тоа може да се слушне во изјавите за јавноста на сите нивни претставници.
И повозрасните симпатизери на најсаканиот прилепски спортски клуб даваат поддршка и се надеваат дека во последен миг ќе се најде излез за проблемите, ќе се дојде до спасот на Победа. За тоа каква е моментната состојба и кои се предложените можн излезни решенија, подолу во обраќањата на претставници од ФК Победа и од Навивачката група „Мајмуни“:
ВИДЕО