Фудбал

СПРОТИВНИ ОЦЕНКИ ЗА СУДИЈАТА ПИЛЕШКОВ: ДОДЕКА ПОБЕДА СЕ ЖАЛИ, ФФМ ГО ФАЛИ!

СЕКОЈ ГЛЕДА ОД СВОЈ АГОЛ, ова може да се заклучи по спротивните оценки за судењето на фудбалскиот прволигашки натпревар Скопје – Победа 1:0. Додека Победа се жалеше, имаше многу забелешки, ФФМ се посвети на две ситуации со пофалба на арбитражата.

Еве како гласи анализата од ФФМ:


„На натпреварот ФК Скопје – ФК Победа одигран на 04.09.2022 година, анализирани се ситуациите  30. и 64. минута. Главен судија: Димитар Пилешков; Помошни судии: Христијан Џонов и Бојан Андевски;

  1. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досуден удар од 11 метри)

Играч од Победа центрираше висока топка кон соиграч пред шеснаесетникот на Скопје, играчот од одбраната на Скопје направи прекршок над играчот на Победа додека топката патуваше кон играчот и не беше во посед на топката. Исправна одлука на судијата што досуди слободен удар и додели жолт картон за играчот на Скопје, бидејќи контактот  беше надвор од шеснаесетникот и играчот на Победа ја немаше топката во посед и контрола .

  1. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досуден гол)

Центрирана топка во шеснаесетникот на Скопје, играч од нападот на Победа ја удри топката со глава кон голот на Скопје, на самата гол линијата голманот ја изби топката и го одбрани ударот. Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејќи голманот го одбрани ударот на самата гол линија. За голот да биде признат топката треба со целиот свој обем да ја помине гол линијата, што не беше во овој случај.“

Потсетуваме и на соопштението од ФК Победа:
„По завршувањето на денешниот натпревар од 6-тото коло на Првата лига со ФК Скопје на стадионот во населбата Железарница ФК Победа сака да ја информира македонската фудбалска јавност за скандалозното судење на штипскиот судија Димитар Пилешков и неговата евидентна наклонетост кон домашниот тим.
Тоа го поткрепуваме со факти во следните ситуации:
1. Недоделен директен црвен картон за домашен фудбалер во 31-тата минута кога нашиот играч Амасихоху изглегуваше сам очи в очи пред домашниот голман а беше фаулиран и спречен да постигне погодок.
2. Недосудена опасна игра од страна на Мациновиќ кој појде со високо крената нога во дуел со нашиот голман Тофилоски во 34-тата минута поради што беше попречен во сигурната интервенција, а во продолжение на акцијата домаќините по овозможувањето играта да продолжи од страна на Пилешков го постигнаа единствениот гол.
3. Во 65-тата минута поништен регуларен гол на Галевски за израмнување на резултатот на 1-1. По неговиот удар со глава домашниот голман ја извади топката со интервенција со рака од зад гол-линијата.
4. Недоделен втор жолт односно црвен картон за домашниот играч со број 22 кој во 67-та минута без топка го удри нашиот играч Симуновиќ нанесувајќи му сериозна повреда поради која беше заменет.
ФК Победа го крева гласот по ваквото пристрасно судење и бара од органите на ФФМ најсериозно да го анализираат пристрасното денешно судење на Пилешков и неговата арбитража како 12-тти играч на ФК Скопје.“

Од категоријата

(фото, резултати, стрелци) САМО ПИОНЕРИТЕ ЗАРАБОТИЈА БОД ЗА ПОБЕДА!

Зоран Иге

ДЕНЕСКА НА ГРАДСКИ, ОД УТРЕ ПРЕСЕЛБА НА МОГИЛА ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

(ВИДЕО) КАКО ИРЦИТЕ ГИ СНИМИЈА ГОЛОВИТЕ СИНОЌА

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе