Разни нагаѓања во врска со тоа што се случило, се случува или ќе се случува во врска со Фудбалскиот клуб Победа од Прилеп најверојатно ќе се смират веќе утре (вторник, 10 февруари). Најавена е крупна вест во вид на соопштение или обраќање до јавноста, запознавање со она што е најважното во врска со клубот. Тоа соопштение/обраќање до јавноста до нашиов медиум би требало да пристигне во претпладневните часови, околу 9-10 часот, а откако ќе се случи тоа, ние ќе го објавиме веднаш на нашиов портал, со цел да биде информирана фудбалската јавност, особено приврзаниците на Фудбалскиот клуб Победа од Прилеп.
Значи, информативниот мрак завршува, претстојат вести за најсаканиот прилепски спортски клуб, вести без оглед дали се позитивни или негативни, важно е дека сигурно ќе ги има.