Претстои Петтиот меѓународен меморијален турнир „Илија Карески – Каре“, во организација на Пингпонгарскиот клуб „Младост 96“од Прилеп, Пингпонгарската федерација на Македонија, со поддршка на Општина Прилеп. Одржувањето е на 28 февруари и 1 март во салата на Основното училиште „Добре Јованоски“, а пријавувањето е во тек, во категириите: млади кадетки и кадети родени 2013 и подоцна, кадетки и кадети родени 2011 и подоцна, јуниорки и јуниори родени 2007 и подоцна, апсолутна, ветерани од 40 до 49 години, ветерани од 50 до 64 и ветерани над 65 години.
Котизацијата за учество е: 10 евра (600 денари) за кадети, јуниори и ветерани, а 15 евра (900 денари) за апсолутна категорија. Наградите се следните: 120 евра за победникот во апсолутна категорија мажи, 80 евра за вториот, 50 евра за третиот, по 25 евра од четвртиот до осмиот, а кај апслоутната категорија за жени – 60 евра за првата, 40 евра за втората, по 25 евра за третата и четвртата. Во другите категории ќе се доделат пехари, недали и дипломи за сите од првото до четвртото место.
Пријавувањето е до 26 февруари, на меил: [email protected] и [email protected].