Фудбалски Прилеп е поделен во врска со судбината на ФК Победа, Едни прилепчани, коишто присуствуваат на собирите во 12 часот кај Јарболот во центарот на Прилеп (секој ден, па и денеска) јавно искажуваат љубов кон клубот и неприфаќање на одлуката за стечај или згаснување со неучество во пролетниот дел од второлигашкото првенство, додека другите со недоаѓањето не сакаат јавно да го искажат својот став, така што произлегува дека го одобруваат стечајот и неучеството во пролетниот дел од првенството, оправдувајќи го сето тоа како неизбежно, поради високите финансиски долгови на клубот.
Секој има право на свое мислење, свој став, дали јавен или не, така што групата што не се согласува најави и за денеска собир во центарот на Прилеп, точно напладне, во 12 часот. Собирот е шести по ред. За деновиве приклучок кон собирот најавија и родители, пријатели, другари и тренери/фудбалери од Прилеп, коишто немаат клуб или се потенцијални идни членови на Победа, клуб доколку постои.