Плејофот од Првата лига на Македонија (или вкупно 7. коло) во кошарка за мажи почна со неочекуван резултат за прилепчаните. Во прилепската сала од ООУ „Добре Јованоски“ Мега баскет (Прилеп) – Бутел (Скопје) 99:106. Гостите победија, со пресврт, откако во првата четвртина беше 26:22 за Мега баскет. Сосема неочекувано, во втората четвртина се случи пресвртот, така што полувремето заврши со 39:55, високо водство на гостите. И по третата четвртина разликата во полза на гостите беше висока, 52:67. Во четвртата последна четвртина домашните се доближија, но не им успеа да стигнат до израмнување. Конечниот резултат е 99:106. Во екипата Мега баскет нов играч беше скопјанецот Марко Здравковиќ (Овче Поле, Свети Николе).
Најмногу поени постигнаа: Владимир Враниќ 25, Александар Јовановски 17, Кристијан Домлески 14, Роберт Димитриевски 11 (Мега баскет) – Андреја Атанасов 26, Марјан Јанески и Данчо Киров по 22, Елвис Хот и Константин Мартиноски по 10 (Бутел). Поради пауза за Купот, Плејофот продолжува на 21 февруари.
РЕЗУЛТАТИ 7. КОЛО: Мега баскет – Бутел 99:106, Вардар – Струмица ФМП 76:96, Охрид – Соколи 55:75 и Водно санс – Борец баскет 87:104.
ТАБЕЛА: Струмица ФМП, Соколи, Бутел, Мега баскет, Вардар и Борец по 11, Водно санс и Охрид по 9 бода.
СЛЕДНО КОЛО (21/22 февруари): Соколи – Мега баскет, Бутел – Вардар, Борец баскет – Охрид, Струмица ФМП – Водно санс.