Екипата од суперлигашот Прилеп станува се посилна. Во неа се врати левиот бек Стефан Лозаноски, играч кој настапуваше во соседна Грција, во екипите Аминтас и Едеса. Тој успешно може да одигра и на позицијата среден бек.
Претходно Прилеп доведе уште еден лев бек – Андреј Стојановски од Пролет (Скопје), пивотот Петар Маркоски, стружанец од Еурофарм Пелистер 2 (Битола) и и голманот Благојче Трајкоски, прилепчанец, повратник од Бутел (Скопје). Задржани се: десниот бек Никола Шипинкоски и левото крило Димитар Димитриоски, а важно е што тренер и во следнава сезона ќе биде стружанецот Наум Танески, во борбата за место погорен, во Плејофот од Супер лигата.
Од клубот Прилеп го најавуваат 11-тото издание на турнирот „Миле Нешкоски“ од 20 до 23 август.