Многу прашања, засега ниеден одговор во врска со најомилениот спортски клуб за прилепчаните, Фудбалскиот клуб Победа. Никој официјално ја нема отстрането дилемата дали ќе се најдат сили за да продолжи сегашниот клуб којшто отпадна во третолигашкото друштво или ќе се формира нов којшто би имал право да биде во најнискиот ранг, но доколку се фузира можеби би се вклучил во тоа третолигашко друштво. Засега ништо не се знае што ќе биде барем во најблиската иднина. Дури и фудбалерите што одиграа во претходното првенство не се начисто што ги очекува. Според нашата евиденција, во минатата второлигашка сезона за Победа настапија вкупно 48 фудбалери: Марко Николоски, Мартин Талески, Владимир Зарески, Андреј Петрески, Кристи Крајоски, Димитар Шаркоски, Димитар Оклески, Филип Димоски, Гоце Кузманоски, Давид Паскоски, Трене Тренески, Мартин Митрески, Леонид Митрески, Игор Ѓорѓиев, Мохамед Ахмедов, Христијан Кукески, Лука Трајкоски, Давид Јошески, Бојан Смилески, Виктор Анѓелевски, Никола Павлески, Кире Наумоски, Лука Варошаноски, Глигор Шиков, Мохамед Ахмедов, Давид Дебрешлиоски, Дарко Тофилоски, Марио Тасески, Петар Петроски, Стефан Наскоски, Гоце Петрески, Роберт Аризанкоски, Ведран Мегленски, Кренар Сулемани, Арсениј Солевски,Теодор Ѓероски, Далијан Волчески, Филип Петрески, Давид Здравески, Матеј Талески, Асан Имероски, Бруно Стефаноски, Душко Кузманоски, Андреј Лефтероски, Петар Димкоски, Михаил Колески, Петар Најдоски и Матеј Тризагароски. Колкумина и кои од нив ќе бидат повикани за следната сезона? Секако дека прво ќе треба да се дочека одговорот на првото прашање околу клубот, потоа Управниот одбор, Стручниот штаб, па следен е играчкиот кадар. Што побргу, тоа подобро за Победа. Нејзините симпатизери очекуваат силен клуб, силен тим, којшто ќе атакува на првото место од табелата оти на друго не смее ни да се помислува.
Крајно време е јавноста нешто да дознае, бидејќи и Летниот преоден рок е во тек, започнат во понеделникот, на 15 јуни.