Денеска (сабота, 2 мај), настапуваат двете прилепски сениорски ракометни екипи – женската Деспина и машката Прилеп.
Прво од 13 часот е дуелот во Скопје, Атлетик – Деспина. Ова е 23. коло од Првата лига на Македонија за жени. Домашниот тим е фаворит, а гостинскиот има задача да даде што посилен отпор.
ДВОЈКИ ЗА ПРВА ЖЕНСКА ЛИГА, 23. КОЛО: Атлетик – Деспина, Овче Поле СУ – Стружанка и Јехона – Шампион,
ТАБЕЛА: Атлетик 36, МРК Ѓорче Петров 26, Овче Поле СУ 24, Деспина 20, Стружанка 18, Јехона 6, Шампион 0.
Навечер од 19 часот е дуелот во Куманово, Куманово – Прилеп. Тој е од 7. коло на Плејаутот од Супер лигата на Македонија за мажи. Според изгледот на табелата, Прилеп е голем фаворит, па може да се очекува гостински атак кон двата бода.
РЕЗУЛТАТИ ЗА ПЛЕЈАУТ МАЖИ, 7. КОЛО: Струга – Пролет 27:29 и Радовиш – Еурофарм Пелистер 2 23:38.
ДЕНЕСКА ПЛЕЈАУТ МАЖИ, 7. КОЛО: Куманово – Прилеп.
ТАБЕЛА
1.Прилеп 32
2.Е.Пелистер 2 27
3.Пролет 23
4.Куманово 17
5.Струга 9
6.Радовиш 0.