За Прилеп не е битен само резултатот, туку и играта. Според играта, денешното издание на Победа, прилепските гледачи можат да бидат задоволни за разлика од дуелот пред 7 дена, кога гостинот беше подобар со превисок резултат 1:8. Но тогаш немаше доволно борба, а сега тој услов се исполни, домашниот кадетско-младински состав даде отпор, па затоа и конечниот резултат е понизок, 0:3. Прилепскиот тим и денеска одигра со млади фудбалери, каде најмалиот е со само 16 години, Андреј Лефтероски (роден на 1.3.2010), а за споредба, во искусната екипа Тетекс највозрасниот е со 38 години, Блашко Николовски (роден на 22.1.1988).



За мечот симпатизерите на Победа се интересираат околу здравствената состојба на 17-годишниот Гоце Кузманоски, кој имаше судир при постигнувањето на првиот гол, но по лекарската помош се е во најдобар ред со овој мошне талентиран фудбалер.



РЕЗУЛТАТИ/СТРЕЛЦИ 27. КОЛО






ТАБЕЛА
СЛЕДНО 28. КОЛО (недела, 10 мај): Кожуф – Победа, Тетекс – Скопје, Охрид – Големо Коњари, Преспа – Детонит, Саса – Слога В., Новаци – Беласица, Брегалница Ш. – Шкендија А., Вардар Н. – Осогово.