Еден од најкористените во Прилеп е теренот со вештачка трева. Вчера и денеска тука се 5 меча, од кои 4 веќе завршија. На нив паднаа многу голови, особено по заслуга на домашните стрелци.
Прво беше дуелот од 19. коло на Младинската женска лига на Македонија, Цевитана (Прилеп) – Вардар (Скопје) 5:0. На другите мечеви: Кочани – Истатов (Скопје) 6:0, Билјанини Извори (Охрид) – Љуботен (Тетово) 0:7, Скопје – Саса (Каменица) 5:0 и Башкими (Речица) – АС Унитед (Струга) 0:4.

ТАБЕЛА
СЛЕДНО 20. КОЛО: Истатов – Цевитана (на 9 мај во 12 ч.), Порече – Башкими, Ас унитед – Скопје, Саса – Билјанини Извори, Љуботен – Кочани, Вардар – Победа Валандово.
Потоа се одигра Победа (Прилеп) – Напредок (Кичево) 7:1, од 17. коло на Пелагониската лига за генерација 2011/2012. На другите мечеви: Академија Еврогол (Прилеп) – Вондеркидс (Прилеп) 0:4, Еден на еден (Могила) – Ускана (Кичево) денеска од 17 часот, а Кичево – Пелистер (Битола) вторник од 17 часот.
ВО ГОЛЕМО КОЊАРИ

ТАБЕЛА
СЛЕДНО 18. КОЛО: Вондеркидс – Кичево, Ускана – Академија Еврогол, Пелистер – Младост Демир Хисар, Напредок – Еден на еден.
Трет натпревар беше Победа (Прилеп) – Ренова (Џепчиште) 2:0, од 23. коло на Втората помлада пионерска лига на Македонија. На другите мечеви, Силекс (Кратово) – Нова (Скопје) 2:1, Беласица (Струмица) – Детонит (Радовиш) 0:6, Кул здравје (Скопје) – Куманово 2:0.




ТАБЕЛА
СЛЕДНО 24. КОЛО: Кул здравје – Победа, Куманово – Кожуф, Шкендија А. – Беласица, Детонит – Силекс, Нова – Ренова.
И следниот дуел е Победа – Ренова 6:0, но овојпат од 23. коло на Втората пионерска лига на Македонија. Имаме уште два резултата, Силекс – Нова 2:2 и Беласица – Детонит 6:0.



ТАБЕЛА
СЛЕДНО 24. КОЛО: Кул здравје – Победа, Куманово – Кожуф, Шкендија А. – Беласица, Детонит – Силекс и Нова – Ренова.
На теренот со вештачката трева во Прилеп е уште еден меч денеска, штотуку заврши, Кадино – Стрела (Ерековци) 2:2 од 14. коло на Општинската квалитетна лига на ОФС Прилеп. Другите дуели се: Братство Големо Коњари – Гарван Десово, Кадица Забрчани – Црвена ѕвезда Сенокос и Козара Заполжани – Динамо Мажучиште.
За комплет резултатите и табелата, во утрешниот извештај.