Наместо во Обршани, вчерашниот меч Партизан – Братство требаше да се одигра во Житоше, во рамките на последното 14. коло од Општинската Б-лига на ОФС Прилеп, поради најавената прослава за освоеното прво место на Братство. Меѓутоа гостите не се појавија на теренот, така што трите бода се службено доделени, а крајот на првенството означен со доделување признанија, пехар и медали. На свеченоста присуствуваа судиите Дарко Макалоски, Илчо Јорданоски и Стефан Иваноски, како и контролорот Љубе Ристевски, претставници на ОФС Прилеп. Од настанот објавуваме повеќе фотографии.


За екипата Братство од Житоше настапуваат главно овие играчи: Артим Јусуфи, Берат Сулејмани, Абил Емини (капитен), Изет Емини, Мерис Шкријељ, Ељмер Османи, Онур Имероски, Џенан Идризовиќ, Ардит Јашари, Леутрим Бафтироски, Алиџан Фазлија, Дениз Јашароски, Самир Салиу, Фејсал Ибраими, Мерсин Мемедоски, Омер Јусуфи и други, а сите водени од бившиот успешен играч и капитен, сега тренер во дебитантска сезона – Музафер Алиоски.

РЕЗУЛТАТИ/СТРЕЛЦИ:



ТАБЕЛА:
Првакот Братство од Житоше оди во повисок ранг, Општинската квалитетна лига на ОФС Прилеп, но тука не завршуваат возбудувањата. За љубителите на фудбалот следат три интересни дуели на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп, в среда од 17 часот Стрела Ерековци – Динамо Мажучиште, в четврток од 17 часот Кадица Забрчани – Кадино, двата од плејофот за првак на ОФС Прилеп, в недела од 17 часот Братство Големо Коњари – Прилеп сити, бараж за Општинска квалитетна лига на ОФС Прилеп.